Победата на Охрид ќе беше и поубедлива, но судиите беа ветер во грб на Татабања. Македонскиот тим дури 20 минути играше со ракометар помалку, но и покрај тоа дојде до победа. Охрид имаше одлично прво полувреме кое го доби со пет голови разлика, беше 13-8. Охриѓани во еден момент имаа и шест предност, но Татабања успеа да се врати и со помош на судиите да дојде до неизвесна завршница, на крајот мечот заврши со 29-28 за нашиот тим. Иванковиќ и ...

ГРК Охрид славеше против Татабања на првата финална пресметка во ЕХФ Европскиот Куп, откако на гостински терен беше подобар со минимални 28:29. Победата можеше да биде поубедлива, но македонскиот тим забележа пад во вториот дел. Реваншот се игра на 30-ти мај во Охрид, а билетите се веќе распродадени. Одлично прво полувреме за македонскиот тим, цврстата одбрана беше клучна за доминцијата на избраниците на Борис Ројевиќ, кои отворија со 2:6 по ...