Старата битолска чаршија ни оддалеку веќе не потсетува на чаршијата од минатото, кога беше прочуена по големиот број занаетчиски и трговски дуќани, леблебиџилници, слаткарници, чајџилници, ресторанчиња, ќебапчилници… Спуштени кепенци, затворени врати, дуќани на продажба и на изнајмување. Тоа е сликата во Старата битолска чаршија, којашто може да се забележи. Лош впечаток кај граѓаните и туристите што ја посетуваат Битола остава и еден ...
Реконструкцијата на прилепската Стара чаршија останува во приоритетите на локалната власт. „Душата“ на градот под Марковите Кули – Старата чаршија, која е една од најстарите чаршии во земјава, со години чека на својата темелна реставрација. Прилепчани, кои и емотивно, но и носталгично се поврзани со неа, сметаат дека градот го заслужува тоа, особено што Чаршијата е и заштитено национално наследство. Бараат да се врати, но и да се сочува ...

