Обезбедувачите во дискотеката „Пулс“ го жртвуваа своето здравје за да спасат што повеќе животи и јас засекогаш сум им благодарна, како и сите други што беа спасени таа вечер – без нивната акција ќе имаше многу повеќе жртви – рече во своето денешно сведочење 21-годишната Мартина Ристевска, која кобната вечер била во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде во пожар загинаа повеќе од 60 луѓе, а повеќе од 200 беа повредени. На прашања на обвинителот ...

21-годишната Мартина Ристевска, денеска беше меѓу сведоците на судското рочиште за „Пулс“. Таа рече дека обезбедувачите во дискотеката го жртвувале своето здравје, за да спасат што повеќе животи и без нивната акција ќе имало многу повеќе жртви. Тие помагале иако и самите биле во лоша состојба и според нејзините искази, повраќале црно ама ставале маица преку устата и носот и пак оделе да извлекуваат луѓе. Кристијан Китанов исто така рече дека ...