Не градиме ние туку сме само закупци на објектот кој е приватна сопственост, велат сопствениците на „Рок кафана Рустикана“ за градбата на објектот на местото на опожарените бараки на Заводот за урбанизам и архитектура во скопски Карпош. Велат дека се врши обновата на објектот со што тој се враќа во поранешната состојба врз основа на проект за обновување. САКАМДАКАЖАМ.МК на 15 мај објави дека на местото на бараките се гради нов објект односно ...

Откако пред осум години изгореа бараките на булевар Партизански одреди, каде дотогаш беа сместени Заводот за урбанизам и архитектура и Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, од минатата есен објектите се обновуваат и до летово, во делот каде се наоѓаше Заводот, ќе биде отворен новиот ресторан на „Рок кафана Рустикана 2“. Препорачано Обновувањето на бараките лоцирани веднаш до ГУЦ „Здравко Цветковски“ и уредувањето на просторот ...