Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, зборувајќи на сите домашни теми од клупскиот и репрезентативниот фудбал, денеска пред македонските медиуми се осврна и не секогаш „болната тема“ околу спортската инфраструктура. Изминативе години се активираа проектите на стадините во Штип, Кичево и Охрид. Од поодамна се пробиени роковите за пуштање на трибината во Штип, за која се утврдени и бројни недостатоци во изградбата. ...

На денешниот брифинг со новинарите, Масер Омерагиќ, првиот човек на ФФМ, зборуваше и за инфраструктурните проекти, ставајќи акцент на проблемот со новата трибина во Штип. Таму, роковите се пробиени иако федерацијата веќе исплатила нешто повеќе од два милиони евра. „Проблемот со новата трибина во Штип е што не е завршена. Роковите се пробиени и одбивме да го потпишеме примопредавањето. Платени се сите обврски на федерацијата во износ од близу 2.3 ...