Раководството на Челси направи целосен хаос по одлуката да го поништи договорот со Баерн за заем на Николас Џексон, па сега трите инволвирани страни се најдоа во незгодна позиција во финишот на преодниот рок. Баерн има потреба од напаѓач, но и малку време за преговори, Џексон сакаше да настапува за германскиот великан и допатува во Минхен, а Челси се плаши да остане без Сенегалецот поради намалувањето на опциите по повредата на Лиам Делап. ...
Челси официјално го објави потпишувањето на договорот со офанзивниот играч за врска на Брајтон, Факундо Буонаноте. 20-годишниот Аргентинец станува деветтото ново засилување на Лондончани ова лето, откако му се придружи на тимот од Стемфорд Бриџ како позајмен играч до крајот на сезоната. Во договорот нема опција за негово откупување, но постои важен детаљ дека Челзи ќе има таканаречени права за усогласување на играчот – односно, во случај на идна ...