Градењето на нов проект и подготовката за следните предизвици во ракометна Европа неминовно носат промени во ростерот. Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска официјално потврди дека врти нов лист, разделувајќи се со четворица интернационалци кои оставија длабока трага во Битола во изминатиот период. Клубот се одлучи на достоинствено и емотивно испраќање на ракометарите кои помогнаа пехарите да останат во градот на конзулите. ...

Еден од најтрофејните ракометни стратези во Европа, Лино Червар, и официјално пристигна во Битола каде беше промовиран како нов тренер на Еурофарм Пелистер. Во амбиентот на Офицерскиот дом, легендарниот хрватски тренер ја презентираше својата визија и планови за работа, со јасна цел, враќање на Пелистер на врвот во македонскиот ракомет и создавање конкурентен тим на европска сцена. „Чест ми е да работам во Битола, град со огромна ракометна ...