Српскиот писател Миодраг Мајиќ ќе биде гостин на издавачката куќа „Антолог“ на престојниот Саем на книга во Скопје. Мајиќ (1969) е српски писател и судија во Апелациониот суд во Белград. Докторирал кривично право, а специјализирал меѓународно кривично право. Објавил голем број правни текстови и учествувал во изработката на значајни закони од кривичното право во Србија. Со години неговиот блог е една од најпосетуваните и најкоментираните ...
Германскиот писател Себастијан Фицек е специјален гостин на издавачката куќа „Сакам книга“ на престојниот Саем на книгата во Скопје од 8-ми до 14-ти мај. Неговата прва книга Терапија беше бестселер во Германија во 2006 година, соборувајќи ја Кодот на Да Винчи од првата позиција. Со продадени над 12 милиони книги во светот, од кои само 5 милиони во Германија, Фицек е еден од најуспешните германски писатели. Во Македонија се издадени неговите ...