Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп, објави дека основната царинска стапка за земјите што нема да постигнат трговски договор со Вашингтон ќе биде во опсег од 15 до 20 проценти. – Би рекол дека ќе биде некаде помеѓу 15 и 20 проценти, веројатно еден од тие два броја – изјави Трамп за новинарите во Тернбери за време на заедничкото обраќање со британскиот премиер Кир Стармер во Шкотска, пренесува Ројтерс. ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, јасно стави до знаење дека сака да се постигне договор за завршување на руско-украинската војна до 8 август, соопшти денеска високиот американски дипломат Џон Кели пред Советот за безбедност на Обединетите нации. Кели им рече на членовите на Советот дека „и Русија и Украина мора да преговараат за прекин на огнот и траен мир“ и дека „време е да се постигне договор“, објави Ројтерс. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп сака Русија и Украина да постигнат мировен договор до 8 август, изјави Џон Кели, заменик-вршителот на амбасадорската функција на САД во Обединетите нации. „Време е да се постигне договор. Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека ова мора да се направи до 8 август. Соединетите Американски Држави се подготвени да преземат дополнителни мерки за да се обезбеди мир“, изјави тој на состанокот на Советот ...
Американскиот претседател Трамп објави нови царини кои почнуваат од петок, кои варираат за различни земји. Во преговорите со Јужна Кореја е постигнат договор и пониска царинска стапка од првично најавената. Во трговскиот спор со Јужна Кореја, американскиот претседател Доналд Трамп објави договор за царини од 15 проценти за увоз од оваа земја. Трамп објави „сеопфатен трговски договор“ меѓу двете земји на неговата онлајн платформа Трут Сошл. ...