Пред Психијатриската клиника во загрепската населба Јанкомир денеска се одржува протест на медицински техничари поради апсењето на четворица нивни колеги, осомничени за тешко убиство на 32-годишниот Кристијан Јосип Периш. Пациентот починал на 21 октомври на Одделението за зависности во таа болница. Околу стотина собрани на протестот изјавија дека медицинските техничари само си ја вршеле работата и предупредија на сериозните безбедносни ...

Суд во Загреб одреди едномесечен притвор за четворица медицински техничари осомничени за тешко убиство на 32-годишен пациент. Кристијан Јосип Периш, поранешен атлетичар и долгогодишен тренер, почина на 21 октомври во загрепската Клиника за психијатрија „Свети Иван“. Според загрепската полиција, Периш лежел на кревет и бил делумно врзан со ремени. Кога се обидел да се ослободи и да стане, четворицата техничари, според сомнежите, го задржувале ...