Светскиот тениски рекет број еден, Јаник Синер, продолжува со доминантните игри на Ролан Гарос. Италијанецот ја забележа и четвртата победа без загубен сет, откако во осминафиналето славеше над 15-тиот тенисер во светот, Андреј Рубљов, со максимални 3-0. За точно два часа игра, Синер победи со 6-1, 6-3 и 6-4 по сетови и обезбеди пласман помеѓу најдобрите осум тенисери на Ролан Гарос. Следен противник на лидерот на АТП-листата ќе му биде ...

Јаник Синер е третиот полуфиналист на годинешното издание на Ролан Гарос, а таквиот статус си го обезбеди со убедлива победа над Александер Бублик. Првиот носител во Париз одлично го отвори мечот и со два брејка го доби првиот сет со 6:1, но во продолжението налета на посилен отпор на Казахстанецот кој одигра на повисоко ниво во вториот сет. Бублик стигна до дванаесетти гејм, но не и тај-брејк, бидејќи Синер направи брејк за 6:5, а потоа и го ...