Аталанта конечно ја заврши потрагата по нов голгетер по продажбата на најдобриот стрелец Ретеги во Саудиска Арабија. Клубот од Бергамо беше поврзуван со бројни напаѓачи, последна опција беше Родриго Муњиз, но откако Фулам ја одби понудата од 35 милиони евра и овие преговори беа прекинати. На крајот, изборот падна врз Никола Крстовиќ, црногорскиот интернационалец од редовите на Лече чиј трансфер беше договорен за помалку од 24 часа. Лече ја ...

Аталанта беше под императив значително да го промени тимот по заминувањето на Џан Пјеро Гасперини, па Иван Јуриќ си постави свои приоритети како нов тренер и после долго време пронајде нов напаѓач. Клубот од Бергамо до оваа фаза од летниот преоден рок претстави пет фудбалери откако дозволи заминување на Ретеги, Ругери, Пиколи, Адопо и Мусо, но вечерва го претстави и шестиот. Аталанта се уште не знае дали ќе може да смета на Адемола Лукман кој ...