Екипата на Силекс продолжува со градење на составот за новата сезона. Раководството на клубот го продолжи договорот со Дарко Анѓелески, кој е назнчен за прв капитен на тимот. Анѓелески во претходните три сезона за клубот настапи на 82 натпревари во Прва МФЛ, постигнувајќи 2 гола и 5 асистенции. Вчера Силекс го потпиша 19-годишниот напаѓач Омар Беровиќ. Силекс ќе игра квалификации во Конференциската лига, во првото коло е ФК Дечиќ (Црна Гора), ...
Македонскиот прволигаш и наш претставник во Конференциската лига на УЕФА, Работнички, го продолжи договорот со младинскиот репрезентативец Теодор Николовски, кој ќе остане во клубот од Дебар маало до 2028 година. Деветнаесетгодишниот Николовски веќе три години е дел од Работнички, а минатата сезона првпат доби посериозна улога и настапи на првенствени натпревари. „Романтичарите“ се подготвуваат за квалификациите за Конференциската лига, каде ќе ...