Нови детали за пожарот и трагедијата што се случи во тетовската модуларна болница каде пред 4 години живи изгореа 14 луѓе. ВМРО ДПМНЕ вели дека уште кон крајот на 2023-та, тогашниот министер Фатмир Меџити поднел кривична пријава до Обвинителството за организиран криминал и корупција за начинот на изградбата на 16-те модуларни болници. Оттаму велат дека ја поседуваат целата документација според која, се градело незаконски и без одобрение, а ...
Иако не смеел, Венко Филипче дозволил изградба на модуларни болници со неогноотпорни материјали со што ги направил модуларните болници запаливи за секунда, велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ, како продолжение на вчерашните обвиненија против лидерот на опозицијата, а според кои модуларните болници во земјава биле бесправно градени. Модуларните ковид амбуланти не можеле да добијат одобренија за работа бидејќи, како што тврди ВМРО-ДПМНЕ, тие биле набавени ...