Винисиус Жуниор ја пронајде најдобрата форма под водство на Алваро Арбелоа и изгледа како навистина друг играч во последните два месеци, а тоа беше случај и вчера на големото мадридско дерби против Атлетико. Бразилскиот ас постигна два гола во пресвртот кој го режираа „кралевите“ на „Сантијаго Бернабеу“, а новата победа за Реал го натера Винисиус да ја продолжи „војната“ која ја води со Диего Симеоне. Чоло за време на шпанскиот Суперкуп во ...

Големото мадридско дерби секогаш е зачинето со голема тензија и одредена доза на провокации на теренот, а тоа не беше исклучок и на последната пресметка која се одигра на „Сантијаго Бернабеу“. Реал Мадрид направи пресврт и на крајот освои важни три бода со победа од 3:2, натпревар на кој во играч на мечот прерасна Винисиус Жуниор поради блесокот во вториот дел. Бразилецот постигна два гола, вклучувајќи го и одлучувачкиот за 3:2, но Вини го ...