Душко Георгиевски е роден на 16 мај 1972 година во Свети Николе. Тој е познат македонски фолк пејач и адвокат. Душко студира на правниот факултет во Скопје. Од 1994 година почнува активно да се занимава со музика, како фолк пејач. Тој често настапува на фестивалите: Фолк Фест Валандово, Роса, Цветници, Тумба Фест и други. Негова најпозната песна е Свири ми виолино покрај неа ги има испеано и хитовските Со синџири да ме врзат, Маре мори Маре, ...

Жарко Кујунџиски е роден е на 19 мај 1980 година во Скопје. Дипломирал во 2003, а во 2009 и магистрирал на катедрата за Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, стекнувајќи се со титулата магистер по филолошки науки. Работел како уредник на електорнскиот магазин Репер (www.reper.net.mk), а бил и неделен колумнист во дневниот весник „Дневник“. Работи како главен уредник на издавачката куќа „Антолог“. Исто така, тој ...

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски оперски пејач (тенор). Нацоски е најафирмираниот македонски оперски пејач во светот. Живее и работи во Италија. Уште од најрана возраст, тој покажувал особен талент и афинитети кон музиката. Пеењето започнал да го изучува со својата мајка Лидија Нацоска, а потоа се запишал во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во класата на професорката Марија Николовска. По завршувањето на ...