Тоа е порта кон светата земја. Слика на Христијанството. Ерусалимското платно, изработено од врвни зографи од Ерусалим ги краси ѕидовите на повеќе цркви и манастири во Македонија. Тоа е потврдата на аџилакот на значајни македонски семејства кои последните два века тргнале на аџилак во Светата земја – Ерусалим и на гробот на Исус, враќајќи се дома со потврда на сопствениот аџилак, на статусот, на чувството за поинаков поглед на животот, на ...
Платното го покажувале секому и на крајот, главно, го подарувале на црквите и манастирите во Македонија. Раритетен примерок од 1870 година на Ерусалимското платно со димензии 1,70 на 1,20 метри поседува Прилепскиот музеј. Во прилепската црква „Свето Благовештение“, Ерусалимското платно е двојно поголемо и 17 години постаро, а најстаро е во Трескавец, подарок од Манастирот Бигорски. Што значи Ерусалимското платно? Нашата потрага по значењето и ...

