Екипата на Шкендија одигра без голови против Д Њу Сеинтс (ТНС) во првиот натпревар од воведното коло од квалификациите за групната фаза во Лигата на шампионите (0-0). Македонскиот шампион во натпреварот влезе со улога на благ фаворит, но домаќинот мотивирано отвори и имаше иницијатива на стартот, а со тоа и две шанси за отворање на резултатот. Првата ја имаше Вилсон, кој по центаршут од лева страна биеше со глава, но топката заврши над голот. ...
Шкендија со нерешен резултат 0-0 се враќа од гостувањето кај ТНС во првиот меч од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Вистински херој на тетовскиот тим е голманот Бабакар Гаје, кој спасуваше чисти голови во вториот дел од средбата, кога ТНС имаше свои минути. „Црвено-црните“ од Тетово имаа и подеми и падови во текот на целиот меч, имаа и шанси, најзрелата се чини ја имаше Ване Крстевски, кога домашните спасуваа од самата гол ...