За време на голф турнир во американската држава Мериленд, голферот Томи Флитвуд доби неочекувана помош од мува. Инсектот слета на топчето кое застана само неколку милиметри од дупката, и благодарение на ова мало „туркање“, топчето се стркала во целта. Како резултат на тоа, Флитвуд заврши на четвртото место и доби убав милионски бонус. Погледнете: @espn Tommy Fleetwood better thank that bug for the assist #golf #putt #pga ♬ original sound – ESPN ...
Англискиот голфер Томи Флитвуд (34) имаше неверојатна помош на BMW Чемпионшип, чие последно коло се одржа во голф клубот Кејвс Вали во Мериленд. Флитвуд особено се истакна во втората дупка (пар четири) кога направи берди и со тоа продолжи да се искачува на ранг-листата. На почетокот, се чинеше дека ќе мора да се задоволи со пар бидејќи неговото топче застана точно на дупката, но како што се приближуваше до неа, топчето сепак падна внатре. ...