Женскиот ракометен клуб Овче Поле СУ од Свети Николе започна со подготовките за новата сезона во Првата лига. Клубот главната фаза од подготовките ќе ја реализира во Претор, каде како што посочуваат од клубот имале одлични услвии за работа, дополнувајќи дека се работи претежно на општа физичка подготовка. Овче Поле СУ го склопи и ростерот за новата сезона во која одново ќе се атакува на позициите коишто водат кон влез во Супер лигата. ...

Женскиот ракометен клуб Овче Поле Славјански Универзитет од Свети Николе ги започна подготовките за новата сезона во Првата лига, со јасно поставена цел – пласман во Супер лигата. Ракометарките од Свети Николе главната фаза од подготовките ќе ја одработат во Претор, Ресен, каде што од клубот велат дека имаат одлични услови за работа. Во овој период акцентот е ставен пред сè на општата физичка подготовка, по што тимот ќе продолжи со ...