Фестивалот Битола Отворен Град 2025 го заврши своето 24. издание со јасен став: културата не се конзумира – се живее. Во текот на четири дена, од 25 до 28 јуни, Битола повторно стана град што зборува преку изложби, концерти, работилници, зборови и винили. Сè започна со отворањето на изложбата “When Do I Stop?” од Харис Муриќ – визуелна хроника од 52 постери, создадени во текот на 52 недели. Муриќ ни подари нешто ретко денес: визуелна, лична ...
Некои фестивали траат еден викенд. Овој – веќе четврт век. 24 години културен континуитет, „Битола Отворен Град“ оваа година се одржува од 25–28 јуни. Битола Отворен Град не е тренд. Не е ни селфи-пункт. Не е “event”. Тоа е културна континуираност што се држи за живиот збор, улицата, звукот на младите – и сите оние што некогаш се чувствувале како „друга сцена“. Битола Отворен Град е крик на урбаната култура. „Ова не е само програма. Ова е град ...
Со утрински прес и отворање на изложбата „When Do I Stop?“ од визуелниот уметник Харис Муриќ, денес започна 24. издание на Битола Отворен Град – фестивалот што веќе четврт век не е само културен настан, туку платформа за гласови, генерации и изрази што одбиваат да бидат маргинализирани. На пресот зборуваа директорот на МКЦ-Битола Сашо Додовски, извршниот директор Златко Талевски, како и самиот автор Харис Муриќ, кој пред битолската публика се ...