Александер Исак на крајот ја оствари желбата и од Њукасл премина во Ливерпул во самата завршница на летниот преоден рок. Со оглед на тоа кога пристигна и фактот дека дојде период за репрезентативни настапи, Исак немаше време официјално да ја започна приказната со „црвените“, па откако ги заврши обврските со Шведска се врати во новата средина. Напаѓачот почна да тренира и останува сега да видиме кога ќе биде максимално фит и подготвен да го даде ...
Ливерпул, 11 септември 2025 (МИА) – Фудбалерот Александар Исак го одржа својот прв тренинг како играч на Ливерпул, објавува „Атлетик“. Дваесет и петгодишниот Швеѓанец би можел да дебитира за „Црвените“ во четвртото коло од Премиер лигата против Барнли на 14 септември. На последниот ден од преодниот рок, напаѓачот се пресели во Ливерпул за рекордна сума за Велика Британија од 125 милиони фунти (околу 145 милиони евра) и потпиша шестгодишен ...