Градската пресметка меѓу Шкупи и Вардар ќе се игра во нов термин, по инсистирање на Министерството за Внатрешни Работи (МВР), затоа што овој дуел е „меч од висок ризик“. Двата тима од Скопје ќе се судрат на „Чаир“ во најголемиот градски дуел во Македонија, а иако од Шкупи инсистирале мечот да се игра во недела, сепак, ќе се игра во сабота. Конечната одлука ја донеле од МВР, велат од чаирчани. Натпреварот меѓу Шкупи и Вардар ќе се игра со почеток ...

Денеска со мечот Шкупи – Вардар од 16 часот на Чаир, стартува 30.коло во нашата елитна фудбалска лига. Како и секогаш така и сега, ова ќе биде големо дерби, голема скопска пресметка. Шкупи – Вардар на Чаир за фудбалско уживање, посебно сега кога и двата тима не се оптоварени од резултат и со тоа дека по секоја цена мора да се освојат бодовите. Од друга страна и тоа како ќе има мотиви кај Шкупи и кај Вардар. Чаирчани сакаат победа над Вардар, ...

Со натпреварот меѓу Шкупи и Вардар се отвора 30. коло во Првата македонска фудбалска лига. Скопското дерби кое ќе се одигра на „Чаир“ доаѓа во целосно различен моментум за двата ривали. Шкупи е во серија од осум натпревари без победа, последен пат славеше против Пелистер на 2 март во третото пролетно коло. Тогаш чаирчани врзаа три победи во низа на стартот на полусезоната и имаа високи амбиции, но оттогаш забележаа пет порази и три нерешени ...