Општина Новаци беше домаќин на караванот на „Илинденски денови 2025“, кој донесе вистинска фолклорна и културна магија под отворено небо. Со традиционални песни, игри и танци, сцената во Новаци ја раздвижија МГА „Везилка“ – Новаци, Ансамблот од Мексико, Ансамблот од Грузија, и Ансамблот од Индонезија. „Публиката уживаше во богатата музичка и играорна програма, каде културите се споија во едно заедничко славење на традицијата, пријателството и ...
Заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски и секретарот на општината Борче Димитровски, денес организираа прием на гостите и учесници на фестивалот „Илинденски денови“.Гостите од Мексико, Грузија, Хрватска, Полска, Индонезија и Швајцарија, ги пренесоа своите прекрасни искуства од учеството на 55 издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, заблагодарувајќи се на гостопримството, прекрасната ...