Одбојкарската репрезентација на Македонија во салата „Парк“ во Струмица убедливо ја надигра Црна Гора со 3-0 (по сетови 25-20, 25-21, 25-13) и дојде до втората победа во Златната европска лига за мажи. Во шесте меча во оваа конкуренција, Спартанците имаа две победи и четири порази, со што изборија опстанок. Послаби од нас беа Хрватска, Летонија и Црна Гора. Следен предизвик за тимот на селекторот Јошко Миленкоски се квалификациите за Европското ...

Одбојкарската репрезентација ја забележа најважната победа во Златната Европска лига. Пред својата публика во Струмица „спартанците“ ја совладаа Црна Гора со 3-0 и со тоа обезбедија опстанок во одбојкарската елита. Нашите одбојкари во поголемиот од првиот сет го имаа водството на своја страна. Никола Ѓоргиев капитенски го водеше својот тим, а нашата селекција сигурно чекореше кон водство од 1-0. Во финишот се влезе со предност на „спартанците“ ...