Неделата помина во исчекување на најважната средба на светот. Путин и Трамп се сретнаа синоќа во Алјаска. Од најавата на средбата, на која и територијата на Украина беше ставена на маса, реакциите не престанаа. Најпрво реагираше украинскиот претседател Зеленски, кој рече дека нема да даде ни педа земја. Потоа се вознемирија лидерите на ЕУ, за кои најавата на средбата дојде како студен туш и бараа да се видат со Трамп пред тој да замине за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече својот состанок на Алјаска со рускиот колега Владимир Путин продуктивен, но посочи дека патот за завршување на војната сè уште не е финализиран, додавајќи дека ќе разговара и со украинскиот претседател Володимир Зеленски и ќе му каже да склучи договор. Во интервју за Шон Ханити од „Фокс њуз“ по самитот, Трамп рече дека по разговорот со Путин останале неколку спорни точки, иако предупреди дека ...