Коалицијата „Вреди“ во соопштение остро ја критикува ДУИ за лицемерие околу правдата. Лицемерието на ДУИ е очигледно, велат тие, поставувајќи три прашања. Кој водеше медиумска хајка против претседателката на Врховен суд? Дали целта беше аболициите на Ѓорѓе Иванов да го заштитат Никола Груевски? Кој ги донесе срамните измени на Кривичниот закон? Одговорот на сите е ДУИ, тврдат од „Вреди“. Лицемерието на ДУИ ДУИ со децении го користеше судството ...

Шокантни и загрижувачки за ДУИ се изјавите на Меџити дека „доколку Таравари одлучи да соработува со ДУИ, тогаш владата ќе ѝ направи услуги на ДУИ за да ги ослободи обвинетите за корупција“. ДУИ: „Ова не е лапсус. Ова е јавно признание дека правдата во оваа земја е заробена и дека владата може да интервенира во одлуките на обвинителството и судството. Со сопствени зборови, тој потврди дека правосудството не функционира независно, туку се води од ...