Македонија останува цврсто посветена на европскиот пат и покрај предизвиците и застојот во процесот на европска интеграција. Шефот на дипломатијата Муцунски утрово во интервју за ЕуроЊуз вели дека и покрај блокадата со која се соочуваме, земјата продолжува со реформскиот процес во обид да стане најдобриот можен кандидат. Муцунски вели дека и покрај силната европска ориентација Македонија има свои црвени линии преку кои не може да помине. ...

Македонија има црвени линии и нема да преговара за прашања поврзани со националниот идентитет, историја и јазик изјави шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во интервју за „Еуроњуз“. – Значи, ако нè прашувате нас дали имаме црвени линии, секако дека имаме. Затоа што не веруваме дека ова е наратив кој треба да трае во Европа во 21. век – вели Муцунски истакнувајќи дека Софија промовира свој наратив во процесот. Министерот истакнува ...