Постол е гратче во централниот дел на Егејска Македонија, на местото на некогашниот град Пела – престолнина на Античка Македонија. Градот е административен центар на истоимената општина Постол и се наоѓа во Постолскиот округ. За време на византискиот и отоманскиот период, на словенските јазици градот бил познат под името Свети Апостол или Постол, а на отомански турски како Алах Килише Господова Црква. Името Пела заживеало повторно во 1936 година ...

На денешен ден во 1926 година починал Крсте Петков Мисирков, македонски филолог и лингвист, роден на 18 ноември 1874 година во селото Постол, во Егејска Македонија. Тој е истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издал книгата „За македонцките работи“, која претставува одраз и израз на неговата борба за самобитноста ...