Македонскиот напаѓач Илија Несторовски е најзаслужниот за победата на Славен Белупо од 2-1 против Истра во 5. коло од Суперлигата на Хрватска. По израмнетото прво полувреме кое заврши 1-1, во второто полувреме победата за домашните ја донесе Несторовски. Македонскиот офанзивец постигна евро-гол со неверојатен шут од 18 метри кој заврши под гредата од голот на гостите. ПОГОДОКОТ НА ИЛИЈА НЕСТОРОВСКИ МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК ...
Екипата на хрватскиот прволигаш Славен Белупо со пресврт дојде до победа над Истра 1961 (2-1), а трите бода за домашниот тим ги завери македонскиот напаѓач Илија Несторовски. Истра водеше со голот на Кадушиќ во 21. минута, но до паузата успеа најпрво да израмни преку Митровиќ, а потоа дојде и до целиот плен со погодокот на Несторовски. Поранешниот македонски репрезентативец погоди велемајсторски во 77. минута и стави печат на третиот сезонски ...