Висока волатилност ги обележа глобалните пазари оваа година, поради геополитичките случувања и непредвидливоста на американските царини. Европа од лидер падна на последното место, а индексот MSCI Emerging Markets, фокусиран на пазарите во развој, забележа убедливо најдобар принос од почетокот на годината, додека по него следува S&P 500. Матеј Вујаниќ, пазарен аналитичар во „Блумберг Адрија“, зборуваше за навигацијата на пазарот во ерата на ...

Американската централна банка „Фед“ објави намалување на референтните камати за четвртина процентен поен, при што каматниот опсег сега изнесува од 4 до 4,25 проценти. Ова е прво намалување на каматните стапки во текот на оваа година, а последен пат ваков потег беше направен во декември 2024 година. Одлуката беше очекувана, бидејќи претседателот на централната банка, Џером Пауел, на симпозиумот во Џексон Хол најави дека „Фед“ внимателно ги следи ...