Фудбалската селекција на Австралија приреди големо изненадување на Светското првенство 2026, откако во натпреварот од групата Д ја совлада Турција со 2-0 и направи огромен чекор кон пласман во нокаут-фазата. Турците се вратија на Светско првенство по пауза од 24 години и важеа за фаворити, особено поради квалитетниот состав предводен од Арда Ѓулер и Хакан Чалханоглу. Сепак, Австралијците одиграа дисциплиниран и тактички зрел натпревар, ...
Турците беа фаворити во овој натпревар, ја имаа топката во своите нозе, повеќе од 70 проценти имаа посед, но не успеаа да го најдат патот до мрежата на Бич. Австралија одигра тактички соврешен натпревар, силна дефанзива и контра напади беа она што го правеа во текот на целиот тим, на крајот се исплатеше. Мечот беше отворен во 27. минута кога Арда Ѓулер не успеа да реализира, а по една контра на спротивната страна Иранкунда даде гол за водство ...

