„Комунална хигиена“ има доволно гориво за камионите за чистење на сметот. Завршени се сите административни процедури, уверува директорот Јовановски. Сепак, откако направивме обиколка во централното градско подрачје, можевме да забележиме дека контејнерите сè уште претекуваат по тротоарите и улиците и им го попречуваа движењето на пешаците и возилата. И Синдикатот предупредува дека ЈП функционира со само четвртина од потребниот број возила – ...
Новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски синоќа го повика Обвинителството да испита можни финансиски злоупотреби во јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Од Обвинителството велат дека до нив досега не е пристигната пријава или известување. – Надлежни институции за откривање на кривични дела се МВР, Управата за финансиска полиција, инспекторатите… До обвинителството до овој момент не е доставена ниту пријава, ниту известување, велат ...
Отстранени од работа се 371 лице од јавните претпријатија кои, како што вечерва изјави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, не оделе на работа или го злоупотребиле своето работно место. Ѓорѓиевски најави дека проверките ќе продолжат и во следниот период. Во изјава за медиумите дадена вечерва Ѓорѓиевски обзнани и информација за можни финансиски малверзации во Комунална хигиена. – Денеска до мене стигна една информација поткрепена со ...
Основниот кривичен суд Скопје на 28 октомври годинава го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за Сабахадин Рустеми, в.д. директор на претпријатието, и Аки Саити, управител за отпад, поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото. Предлогот на обвинителство е поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ ...

