Трет натпревар по ред под водство на новиот стручен штаб. Трет натпревар без постигнат гол. Но, она што повеќе загрижува од нулата на семафорот е фактот што ова беше трет меч по ред без ниту една континуирана, сериозна и опасна акција кон противничкиот гол. По дебаклот во Данска (4-0) и „приспивната“ нула во Даблин против Ирска, синоќешното реми (0-0) против Босна и Херцеговина во Сараево само го потврди дефанзивниот грч во кој се наоѓа ...
Македонските фудбалски репрезентативци со четири гола во мрежата се враќаат од Истанбул, по поразот од 4-0 во пријателскиот меч со Турција. Домашните фудбалери, иако во некомплетен состав, немаа никаков проблем со избраниците на Гоце Седлоски – ја наметнаа својата игра и заслужено стигнаа до висока победа како загревање за настапот на Мундијалот 2026. Се играше втората минута кога по центаршут од десната страна, Оркун Кокчу прецизно биеше за ...

