Повторно им благодариме на сите другари, другарки и верни посветеници, на сите што „Буква“ ја гледаат како драг простор, продолжеток на дневната соба, втор дом, на сите кои доаѓаат на нашите свирки, изложби, промоции, проекции, на мирување во денските часови, за да се видат со своите драги, за да се запознаат со идни пријатели или за да помолчат сами на свое место… Ве очекуваме на нашиот заеднички четврт роденден! ПРОГРАМА Петок, 31 јануари ...

„Четири години и четирицифрен број денови постои „Буква“ во Скопје. На истото место, зад Собрание, под трите брези, со сите повеќе или помалку трајни, но еднакво драги и свои лица. Четири години во служба само и само на културата во главниот град. Ова наше и ваше место живее како собирен пункт и канал за комуникација на она што во Македонија и пошироко, низ Европа и низ светот, го прават стотици, а со овој роденден веќе и илјадници уметници, ...