Активни се три пожари на отворен простор од евидентирани 28 на територијата на државава во изминатото деноноќие, под контрола се пет, а 20 се изгаснати. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во општините Василево, Радовиш и Берово, поточно во село Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини, во прилепското село Бешиште, на место викано Бешишки Рид, друг крак кон село Градешница во општина ...
Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата до 06:30 часот активни се три пожари и еден е под контрола. Изгаснати се 24 пожари од вкупно 28 регистрирани пожари. Активен останува пожарот на планината Готен меѓу општините Василево, Радовиш и Берово каде од вчера, покрај екипи од државава, дејствуваа и чешкиот хеликоптер „Блек Хок“ и словенечки пожарникари. Според информациите на ЦУК, активни се и пожарите меѓу ...