Познатиот глумец, шоумен, пејач и писател, Игор Џамбазов е гостин во првиот Претрес со Ландов во третата сезона. Тој говори за неговиот живот, кариера, политиката, семејството. „Сакам спомените за се, да ми останат убави. Петнаесет години во Драмски не сум бил. Избегнувам да одам на гробишта.Драмски заслужува нова зграда.Истото важи и за МНТ. Театар без бифе не го бива”, вели Џамбазов. Сегашниот министер за култура доаѓа од актерската фела, но ...

Игор Џамбазов во Прегрес со Ландов, се потсети дека со експремиерот Никола Груевски настапувал во „Чија си” и во „Грев или шприцер”. Тој, вели Џамбазов, уживаше во тоа. „Беше вљубеник во театар.Имаше сцена во Грев или шприцер, во која Груевски ме носеше на ушка кога ме испраќаа во војска.Не знам дали сега оди во театар, чуден е јазикот таму”, рече Џамбазов. Не верува дека ќе дочека да настапи во реновираната Универзална сала во која има ...