Договорот со најважниот клиент, чие име „Варта“ не го откри, истекува на крајот на октомври. Според пишувањето на германскиот деловен весник „Ханделсблат“, станува збор за американскиот технолошки гигант „Епл“. Губењето на важниот клиент ќе ја чини компанијата околу 350 работни места во фабриката во Нордлинген и во седиштето на компанијата во блискиот Елванген. Фабриката на „Варта“ во Нордлинген речиси исклучиво произведува батерии ...
За мене претставува исклучителна чест и задоволство да можам денеска да се обратам пред Вас на овој значаен јубилеј. Сепак 10 години, една деценија е доволно време за да можеме да се завртиме позади себе и да направиме една анализа за сето тоа што сме го направиле во овие 10 години овде во македонскиот бисер, јас би рекол европскиот и светски бисер Охрид како „Костал“ и како Влада на Македонија, кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој ...
Германската компанија „Костал“ во Охрид е инвестиција што претставува инспирација за сите нас да продолжиме заедно и во годините што следуваат – да се надополнуваме, да се поддржуваме и заеднички да напредуваме – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на прославата по повод 10-годишнината од работењето на „Костал“ во Македонија. Една деценија, според него, е доволно долг период за да можеме да се навратиме наназад и да ...

