Македонската режисерка Тамара Котевска на премиерата на нејзиниот филм „Силјан“ (The Tale of Silyan) на 82. издание на реномираниот филмски фестивал во Венеција, блесна во креацијата од Кокев. Таа пред проекцијата позираше во црн краток фустан со интересна кројка, но она што посебно го привлече вниманието на присутните беше ѓерданот што го носеше околу вратот и со кој само го надополни атрактивниот изглед. „За премиерата дизајниравме црн краток ...

„Силјан“, новиот документарен филм на двојно оскар-номинираната режисерка Тамара Котевска, ја освои една од најретките награди на Биеналето – „Cinema and Arts Award“, позната и како „Наградата на Музата“, која е дел од официјалната натпреварувачка програма на најстариот и најпрестижен филмски фестивал во светот во Венеција. Во конкуренција од 20 филмови за ова признание, „Силјан“ го освои првото место и беше прогласен за најинспиративен филм на ...