Здружението „За Трпејца со љубов“ во соработка со веб порталот Публицитет.мк и годинава објавува конкурс за најдобра уметничка фотографија „ Трпејца со мобилен“. Секој учесник на Конкурсот има право да достави само по 2 уметнички фотографии направени во Трпејца и околината во периодот од 18 до 23 јули оваа 2025 година и да ги испрати на електронската пошта: publicitetpublicitet@yahoo.com најдоцна до 23 јули во 24 часот. Треба да се наведе името ...
Во Трпејца на свечен начин беше отворена културно – забавната манифестација „На зајдисонце“. Во име на покровителот на манифестацијата Општина Охрид 14.издание на зајдисонцето го отвори советничката Александра Настоска – Николоска која рече: Вечерва сме собрани на едно од најубавите места на Охридското Езеро, во срцето на Трпејца, за да ја прославиме убавината на природата и духот на нашата заедница преку манифестацијата „ На зајдисонце“. ...
На денот на отворањето Фото клубот „Охрид“ ќе ја претстави најновата продукција на фотографии насловена „Убавината на дофат“, по што следува музичка програма со познатиот саксофонист Горан Папаз. За в понеделник е предвидена промоција на првиот роман на младата трпејчанка Анастасија Ристеска „Париска сложувалка“ напишан на англиски јазик. Промотор ќе биде Габриела Неделкоска. Претходно деца од Трпејца пред публиката ќе ги покажат своите таленти. ...