Манчестер Сити утре го очекува супер важно и тешко гостување кај Борнмут во рамките на 37. коло во Премиер лигата, но пред тој меч доаѓаат неочекувани вести од Англија кога е во прашање иднината на менаџерот Пеп Гвардиола. Шпанецот има важешки договор до 2027 година и во повеќе наврати инсистираше, порачуваше дека истиот ќе го одработи до крај, па токму затоа изненадувачка е информацијата на реномираниот „Дејли Мејл“ кој пренесе дека ...
Светскиот фудбал е пред незапаметен потрес. Најверодостојните спортски извори во светот, вклучувајќи ги угледниот новинар Давид Орнстин од „The Athletic“, инсајдерот Фабрицио Романо и aнглискиот сервис „ББС Спорт“, вечерва потврдија дека Пеп Гвардиола дефинитивно ќе го напушти Манчестер Сити по завршувањето на оваа сезона. Шпанскиот генијалец реши да стави крај на својата славна десетгодишна ера на „Етихад“, а раководството на клубот веќе ја ...

