Според извештајот на ЦУК за пожарите на отворен простор за периодот 13/14 јули до 07:00 часот, во земјава се регистрирани вкупно 24 пожари, од кои пет се сè уште активни, додека деветнаесет се изгаснати. Активни пожари се бележат во пет општини: Во општина Дојран, кај селото Николич, гори нискостеблеста шума. Во општина Чучер Сандево, во селото Горњани, исто така е зафатена нискостеблеста шума. Во општина Велес, пожар има во близина на селата ...

До 08:00 часот утрово во земјава се евидентирани 21 пожар, од кои активни се два, еден е под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци во Општина Велес каде што годи мешана шума, како и во Општина Македонски Брод помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина каде што огнот зафатил деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација. Под контрола е ставен ...

Пожарот во дојранското село Николиќ е ставен под контрола, но четири други пожари и натаму се активни и со сериозен потенцијал за ширење, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според најновите податоци, активни се пожарите кај велешките села Џидимирци, Крушје и Иванковци, како и на поширокиот потег меѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина во општина Македонски Брод. ЦУК соопшти дека вкупно 18 пожари се изгаснати низ повеќе ...

Активни се шест пожари на отворен простор заклучно со 12:30 часот, од вкупно девет во текот на денешниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изгаснати се три пожари на отворено. ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Дојран кај с. Николич каде гори нискостеблеста шума, во Општина Чучер-Сандево кај с. Горњани каде е опожарена нискостеблеста шума, во Oпштина Велес кај селата Џидимирци и Крушје гори мешана шума, во ...