Многу револт кон системот, но и многу јасни пораки се испратија од протестот кој го предизвика случајот во кој загина 22-годишната Фросина Кулавкова. „Судии крвави ви се рацете“, „Не е несреќа туку убиство“, „Без казна вашите раце се крвави“, „Смртта на Фросина е пропуст на системот“, „Не е кобно местово, туку луѓето и системот“, Обвинителство = соучесници убијци“, „Врските не враќаат човечки животи“ – ова беа дел од транспарентите со пораки. ...
Стотици граѓани денеска се собраа на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје на протест, барајќи правда за трагичната смрт на младата Фросина, која беше прегазена додека поминувала пешачки премин во близина на пекарата „Силбо“. Граѓаните продолжија да маршираат кон Собранието, а потоа кон Кривичниот суд. Протестот почна со три минутен молк за трите девојки кои досега биле прегазени на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Последната жртва е ...