Во голема акција е уапсен државен функционер за примање мито. Според првичните, неофицијални информации, лишен од слобода е в.д. директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за наводно примање поткуп од апликант за да му се додели договор за финансиска поддршка преку ИПАРД, што било констатирано со одбележани пари. Од Обвинителството, пак, само кусо соопштуваат дека под раководство на Обвинителството за ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) спроведува акција поради сомнежи за корупција. „Во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на Министерството за внатрешни работи (МВР), под раководство на јавен обвинител од ова Обвинителство, вршат претреси на повеќе локации низ државата поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа“, соопштија од ...

