Предистрага за вработени во УЈП, но и во други институции за десетина кривични дела води обвинителството во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Ова денеска го изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски по сторијата на ИРЛ дека инспектори од УЈП ги предупредувале газдите на дискотеката за можни контроли во замена за подароци. Според него, во моментот на подигање на обвинението за нив немало докази, но тоа не значи дека е ...
Пораките меѓу вработени во УЈП и газдите на Пулс кои покажуваат инкриминирачка спрега се само дел од доказите кои ги поседува обвинителството и во нив има уште десетина инкриминирани дејствија, истакна денес Републичкиот јавен обвинител. Коцевски ја потврди и информацијата на ТВ 24 дека постапката не е завршена ниту за Управата за јавни приходи, ниту за други институции. Ова следува по објавата на документираниот филм на ИРЛ, во кој се прикажува ...