Покрај постројки за третман на ѓубрето, регионалната депонија во Новаци ќе има и место за перење на гумите на камионите кои ќе го транспортираат сметот од 18 општини во стариот коп на РЕК. Тие ќе мора со чисти гуми да излегуваат од депонијата за да нема дополнително загадување, беше кажано на денешната јавна расправа за изградба на центар за управување со отпад од Пелагонискиот и Југозападниот Регион што се одржа во Новаци. Пред присутните, ...

Во тензична атмосфера се одржа јавната расправа во општина Новаци за изградба на Регионалниот центар за управување со отпад, кој треба да се гради на локација во близина на РЕК каде отпад ќе одлагаат 18 општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион. Експертите и претставниците од Министерството за животна средина дојдоа да го презентираат проектот, но граѓаните кои се против депонијата ги дочекаа со реакции, забелешки, дофрлања. Велат не ...