Покрај дуелот меѓу Вардар 1961 и Пелистер, во последното коло вечерва ќе има уште една интересна пресметка. Во СЦ „Билјанини Извори“, ГРК Охрид го пречекува ГРК Тиквеш во меч за излез во Европа. И двата тима имаат по пет бода, па победникот ќе успее да се избори за излез во европски рамки. Домаќинот на оваа средба ги одмори играчите токму за дуелот со Тиквеш, вчера во Автокоманда дојде младинскиот состав. Охриѓани за следната сезона подготуваат ...
Денеска се поставува едно прашање, кој ќе се закити со пехарот во најдобрата македонска ракометна Суперлига. Препорачано Најголемите ривали Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер повторно ќе се соочат во натпревар кој ќе одлучува за титулата шампион на Македонија. Дуелот се игра од 19.30 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје, а „црвено-црните“ објавија дека сите влезници се распродадени за ракометниот спектакл. Во случај на победа или нерешен ...