На денешната собраниска седница за реконструкција на Владата дојде до тензична атмосфера за време на обраќањето на пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, кој говореше за пораст на смртните случаи на работници на нивните работни места во последните две години. Во текот на неговиот говор, премиерот Христијан Мицкоски се смееше, по што Апасиев јавно го опомена од говорницата. „Зборувам за смрт на работници, а вие се смеете“, го опомена ...

На денешната собраниска расправа за реконструкцијата на Владата, претседателот на Левица, Димитар Апасиев, оцени дека смената на повеќе од една третина од владиниот состав претставува признание дека проблемот не е во министрите, туку во политиките на Владата и нејзиниот претседател. Осврнувајќи се на експозето на премиерот Христијан Мицкоски, Апасиев истакна дека зад внимателно спакуваната реторика не стојат ниту резултати, ниту искреност. ...