Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 се враќа на местото на успехот. По пауза од неколку години „црвено-црните“ одново ќе играат во Лигата на шампионите, откако ЕХФ одговори позитивно на барањето на македонскиот клуб. Вардарци враќањето во елитното натпреварување го овековечија со интересно видео на социјалните мрежи, на кое капитенот Лазаревски добива повик од тренерот Чупиќ, кој му вели: Одморот заврши, сите во сала – Вардар игра во ...

Европската ракометна федерација денес му додели вајлд-карта на македонскиот првак Вардар. „Црвено-црните“ по четири години се враќаат во елитното натпреварување. Вардар е двократен европски шампион. На европскиот ракометен трон македонскиот шампион беше во 2017 и во 2019 година. Последното учество на вардарци во елитната лига беше во сезоната 2021/2022. Во новата сезона на Лигата на шампиони ќе има 24 екипи кои ќе бидат поделени во шест ...