Доктор од Тетово издал медицински извештаи за пет лица дека се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа во која, според судската пресуда, воопшто не учествувале. Случајот е дел од шемата со лажни сообраќајни незгоди преку кои се правеле обиди за наплата на отштета од осигурителни компании. Најновата пресуда со признание на вина покажува дека ваквите измами во Тетово не стивнуваат и по две години откако случаите почнаа да излегуваат на ...
Наездата измами со лажни сообраќајни незгоди во Тетово, со цел да се изнудат пари од осигурителните компании не стивнуваат и две години откако „Слободен печат“ за првпат пишуваше за оваа чудна практика во градот. Тоа го открива најновата судска пресуда со признание на вина, во која имаше увид нашата редакција. „Слободен печат“ открива: Клиничка болница Тетово – фабрика за лажни медицински извештаи за цедење на осигурителни компании преку ...

